Искуство
Искуство
Искуство
Ратко Црвенкоски, Генерален менаџер – Лира Д.О.О
„Услугите на Македонија-Експорт Групацијата ги користиме веќе подолго време. Многу сум задоволен од нивната работа, односно од способноста брзо да ги откријат критичните фактори важни за развој на бизнисот и соодветно да реагираат.
Сите препорачани и извршени активности се во насока на зголемување на продажбата и профитот. Посебно би го истакнал нивниот извонреден однос со клиентите и нивната посветеност во работењето со нив, со цел остварување на соработка на долг рок. Со задоволство би ги препорачал секому.„
Сашо Наумоски, Комерцијален директор - Витаминка А.Д Прилеп
„Целиот тим уживаше во понудената дводневна програма, која целосно и во детали беше организирана од тимот на Македонија-Консалтинг. Голем дел од темите беа од огромна корист за целиот тим и по завршувањето на обуката.
Бев пријатно изненаден од разновидноста и креативноста во изборот на теми и активности, кои ја направија нашата обука неверојатно и единствено искуство“.
Марија Митева, Генерален менаџер – СКОВИН А.Д
„Ја прифативме понудената програма од Македонија-Консалтинг поради тоа што ја увидовме нивната искрена намера да ни помогнат во подобрување на организацијата на мерчендајзинг и продажниот тим и зголемување на продажбата.
Исто така од голема корист за тимот беше тоа што развојната програма не беше базирана само на теоретско презентирање на одредените теми, туку и преку различни и реални примери од пракса, како и подоцна следење на тимот на терен (shadowing).“
Михаил Трендафилов, Генерален менаџер – Леснина ИнженерингХолдинг
„Партнерството со Македонија-Експорт Групацијата се случи откако заеднички успеавме да оствариме неколку успешни извози во Франција и Италија.
Покрај изработка на 5 годишна Маркетинг Стратегија - План за компанијата, како и дефинирање на насоките на развој, заеднички работиме на систематизација и оптимизација на производството и имплементација на стратегијата, со цел зголемување на извозот.
Веруваме во нивниот тим, професионалност и искуство, и сигурни сме дека ова партнерство ќе нé направи појаки и подобри во обезбедување на услугите кон нашите клиенти“.
Контакт
Адреса:
Ул. Васил Стефановски 8/1
1000 Скопје, Македонија
Тел/Факс: + 389 2 31 21 907
Е-пошта:
Веб страната е развиена од: